ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори

t

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги објави конечните резултати од вториот круг на Локалните избори 2025 година за избор на градоначалници во 29 општини и во Град Скопје.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, соопшти дека во овие општини изборниот процес е завршен и се потврдени конечните резултати, со што е избран и новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За три општини – Брвеница, Карпош и Шуто Оризари – се поднесени 16 приговори за текот на гласањето. Според Кондарко, тие ќе се разгледуваат денеска на јавна седница на Комисијата со почеток во 14 часот.

Дополнително, поднесени се и три приговори за изборот на членови на Советот на Општина Шуто Оризари, каде што на 2 ноември беше спроведено прегласување на три избирачки места. Поради тоа, како што соопшти ДИК, конечните резултати за Советот на оваа општина нема да бидат објавени сè додека не заврши постапката по приговорите и евентуалните тужби пред Управниот суд

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…