Малиот монструм и неговите родители ќе мора да исплатат речиси три милиони евра на семејствата на убиените деца

t

Детето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ и неговите родители, Владимир и Миљана Кецмановиќ, ќе мора да исплатат околу 2,93 милиони евра обештетување на семејствата на убиените деца, на наставничката Татјана Стевановиќ и на двајца ранети ученици од масакрот – иако останува неизвесно дали семејството ќе може да ја исполни оваа обврска, пишува „Мондо“.

Кон крајот на минатата година, Вишиот суд во Белград донесе пресуда со која убиецот, неговите родители и основното училиште „Владислав Рибникар“ се обврзани солидарно да им исплатат 2,93 милиони евра на 27 членови на семејствата на убиените ученици, како надомест за нематеријална штета поради претрпени душевни болки од загубата на близок.

Во мај 2025 година судот донесе уште една пресуда, во корист на ранетата наставничка по историја Татјана Стевановиќ, која тужеше против Миљана и Владимир Кецмановиќ. Судот ги задолжи обвинетите солидарно да ѝ исплатат 59.000 евра како надомест за физички болки, страв, душевни последици и телесно обезличување, со законска камата од денот на пресудата.

Во друга постапка, судот делумно го уважи тужбеното барање на помлада жртва на нападот. Обврзани се Коста Кецмановиќ, неговите родители и училиштето да му исплатат околу 26.500 евра обештетување за душевни и физички болки, страв и трајни последици од нападот.

На 5 ноември 2025 година, Вишиот суд во Белград донесе уште една пресуда – овој пат во корист на родителите на убиената Адриана Дуќиќ, ученичка од истото училиште. Судот ги задолжи Коста К., Миљана и Владимир Кецмановиќ и училиштето да исплатат на семејството вкупно повеќе од 340.000 евра, односно по околу 85.500 евра на секој од тужителите – Дане Дуќиќ, Биљана Пауновиќ и нивните две деца. Дополнително, сите обвинети мора да им исплатат и по околу 14.700 евра на секој тужител за претрпен страв.

Во наредниот период се очекува уште една пресуда, по тужба на еден од ранетите ученици, чијшто процес заврши вчера.

Доколку семејството Кецмановиќ не ги исполни финансиските обврски, нивниот имот, кој моментално е замрзнат за време на судските постапки, ќе биде ставен на извршување и продажба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малиот монструм и неговите родители ќе мора…

Детето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ и…

Вучиќ за Извештајот на ЕК: Извештајот не…

Претседателот Александар Вучиќ изјави денес, откако шефот…

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат…

Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат…

Европратеничката Јовева: Не е фер Македонија да…

Мислам дека не е фер Северна Македонија…

Поддршка од семејствата на убиените во „Рибникар“…

Ја поддржуваме Дијана Хрка, мајка која бара…