Хрка штрајкува со глад веќе шести ден: Нека дојде Вучиќ да зборуваме пред сите, па да му објаснам некои работи

t

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при паѓањето на настрешницата во Нови Сад, штрајкува со глад веќе шести ден, а утрово го повика претседателот на Србија, Александар Вучиќ, лично да дојде и „пред сите да разговара со неа“, но оценува дека тоа нема да се случи, бидејќи „тој нема храброст“, објави „Данас“.

Таа изјави дека денеска „почнува со варење на претседателот“.

– Сега му се обраќам директно на Вучиќ. Ова што се случува е на лична основа, само нека дојде да ми каже на која лична основа, па јас ќе му кажам некои работи — рече Хрка, додавајќи дека се чувствува добро.

Таа, сепак, не очекува Вучиќ да дојде до нејзиниот шатор во близина на Собранието на Србија.

— Тоа никогаш нема да се случи. Го повикувам веќе една година, нема тој храброст — изјави Дијана Хрка.

Пред Собранието на Србија моментално е мирно, а во близина е присутна полиција со опрема за растерување демонстрации.

Граѓаните доаѓаат да ја прашаат мајката на починатото момче за нејзиното здравје и да ѝ понудат помош. Некои ѝ приоѓале и за да ѝ понудат свој стан во близина на Собранието за одмор или за туширање.

Дијана Хрка започна штрајк со глад на 2 ноември, по комеморативниот собир одржан ден претходно во Нови Сад, по повод годишнината од падот на настрешницата на новосадската железничка станица, при што загинаа 16 лица.

Мајката на Стефан Хрка бара процесирање на одговорните за таа трагедија, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрка штрајкува со глад веќе шести ден:…

Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој…

Бројот на жртви од пожарот во Тузла…

Бројот на жртвите од катастрофалниот пожар во…

Малиот монструм и неговите родители ќе мора…

Детето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ и…

Вучиќ за Извештајот на ЕК: Извештајот не…

Претседателот Александар Вучиќ изјави денес, откако шефот…

Родителите на загинатите деца во ,,Пулс” повикуваат…

Од Здружението на граѓани 16ти Март, повикуваат…