Возач удрил мотоциклист, 18-годишно момче починало – ОЈО Гостивар смета дека нема кривично дело…
Вреди ли да се пазарите со животот на 18-годишно момче?
Не е ни чудно што довербата во правосудството е во рамки на статистичка грешка. Колку и да има одлични поединци, можеби и мнозинство одлични судии и јавни обвинители, секогаш ќе се најде некој кој ќе ја извалка целата слика, обично за едноставна и комплетно непотребна работа.
На 29.07.2025 година околу 1 часот и 40 минути во Гостивар се случила сообраќајна незгода во која животот го губи 18-годишно момче.
Момчето возело мотоцикл, при што во еден момент од излез од паркинг се појавува патничко моторно возило кое излегува од паркингот и го удира мотоциклот. Од падот настануваат смртни последици. МВР излегува на местото на настанот, се поднесува соодветна кривична пријава, но ОЈО Гостивар ја отфрла кривичната пријава и не наоѓа никаква вина кај возачот на автомобилот кој удира во мотоциклот.
И покрај тоа што постои снимка од безбедносни камери, каде се гледа целата ситуација, има извештај од обдукција, како и две вештачења (кои се спротивставени), ОЈО ја отфрла кривичната пријава со објаснување дека возачот на мотоциклот изгубил контрола на истиот пред да биде удрен од автомобилот. ОЈО Гостивар не наоѓа никаква вина кај возачот, кој, како што ќе видите во продолжение, не ги испочитувал сообраќајните правила, односно не го пропуштил мотоциклот кој морал да го пропушти бидејќи има предност на конкретната крстосница.
Факти за случајот
Мотоциклистот кој бил на возраст од 18 години немал возачка дозвола, ниту носел кацига која е задолжителна со Закон. Немал алкохол во крвта, што е утврдено по несреќата.
Возачот на автомобилот исто така немал алкохол во крвта, се наоѓал на нестандардна крстосница, односно излез од паркинг со улица. Возачот на автомобилот немал предност, односно бил должен согласно Закон да ги пропушти сите возила што доаѓале од правецот од кадешто доаѓа и мотоциклот. Возачот немал алкохол во крвта.
Вешто лице во областа на судската медицина утврдува дека смртта на 18-годишното момче „ е насилна и истата настанала како резултат на раскинувањето на ткивото од продолжениот мозок, раскинувањето на ткивото на продолжениот мозок настанало како резултат на исчашувањето и раздвојувањето на зглобот помеѓу тилната коска и првиот вратен пршлен, кое исчашување настанало поради падот на главата на сега починатиот на тапо тврда подлога, потоа нагмечувањето и отокот во пределот на долно средишниот дел од предната страна на левата надлактица, крвната подлиеностна коска и на мускулното ткиво, скршеницата на долниот дел од левата надлакотна коска со изместување на скршените фрагменти, крвната подлиеност на горниот дел од меѓуребрените мускули од левата страна на градниот кош, нагмечувањето и исчашувањето на десниот рамен зглоб, како и нагмечувањето во предната страна од десната надлактица и децната подлактица настанале поради ударот во возилото и како резултат на раскинувањето на ткивото од продолжениот мозок дошол до престанок на витално важните функции како што се дишењето и работата на срцето, следствено на што настанал неминовен смртен исход кај сега починатиот А.Б.“
Вештачењето на вештакот ангажиран од Обвинителството смета дека возачот на автомобилот нема никаков пропуст во ситуацијата, додека вештачењето на вештакот ангажиран од семејството на починатиот смета дека со самото тоа што возачот на авомобилот не ја испочитувал предноста на минување на конкретната крстосница, истиот има удел во сообраќајната незгода и ја има предизвикано.
Мислење на ОЈО Гостивар
ОЈО Гостивар се повикува на вештачењето во кое стои дека „во дејствијата на осомничениот И.М не се содржани битните елементи на кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.4 во врска со член 297 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, ниту елементи на друго кривично дело за кое гонење се презема по службена должност“.
Во ставот 1 од членот 297 од КЗ, Загрозување на безбедноста во сообраќајот, стои:
Учесник во сообраќај на јавните патишта кој не се придржува кон прописите и со тоа го загрози јавниот сообраќај така што ќе ги доведе во опасност животот или телото на луѓето или имот од значителен обем, па поради тоа некое лице телесно ќе биде повредено или ќе настапи значителна имотна штета, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Во ставот 3 од истиот член се наведува декa: Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Во ставот 1 од членот 300 од КЗ, Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се наведува дека: Ако поради делото од членовите 297 ставови 1 и 2, 298 став 1 и 299 ставови 1 и 2 или некое лице е тешко телесно повредено или настапи имотна штета од големи размери, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
Одлуката на ОЈО дека овде нема кривично дело и случај сега е обжалена од страна на застапникот на семејството на починатиот кои во разговор со Инфомакс истакнаа дека нивниот син и внук секако нема да се врати и истите првенствено не ни бараат возачот на автомобилот да биде казнет, меѓутоа е нечовечки некој да се обидува да избега од одговорност, а во случајот загинало 18-годишно момче. Од семејството истакнаа дека единствено сакаат никој да не бега од Законот и сакаат ваква ситуација веќе да не се повтори, да не загинат и други луѓе, поради тоа што ОЈО решава да прогледува низ прсти од одредени причини.
Останува на Виштото јавно обвинителство да одлучи за судбината на овој случај, дали сите одговорни ќе си одговараат како што налага словото на Законот, или ова ќе биде уште некој процент минус во довербата на граѓаните во правосуството, која и така е на ниво на статистичка грешка, можеби токму од вакви ситуации…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Возач удрил мотоциклист, 18-годишно момче починало –…
Вреди ли да се пазарите со животот…
Тешка сообраќајна несреќа на патот меѓу Горно…
Во силен судир на два автомобила меѓу…
В.д. градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето…
Вршителот должност градоначалник на општина Гостивар и…
Автомобил покоси паркирани возила и контејнери кај…
Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа кај…
Тешка сообраќајка во Србија: Еден загинат и…
Едно лице загина, а осум се повредени…