СДСМ: Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта

t

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта – посочуваат од опозициската СДСМ.

Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%.

Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат.

Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, граѓаните имаат се помалку пари во џебовите.

Платите и пензиите заостануваат далеку зад растот на цените, граѓаните секојдневно плаќаат повисоки цени за леб, млеко, масло, лекови, за сметки а платите не мрдааат.

За само година и половина ДПМНЕ донесе економска стагнација, раст на инфлацијата и пад на животниот стандард. – константираат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ДУИ си дадоа автогол

„ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој…

Најмалку 13 лица се загинати во напад…

Во објава на Икс се споделува видео…

Иран повтори дека планира да наплаќа за…

Иран има намера да им наплаќа такси…

Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…

Ако надвор е 39 степени, клима уредите…

Министерството за здравство: Обидите на СДСМ случајот…

Министерството за здравство соопшти дека почитува законската…