Објавено на:

Зохран Мамдани „леташе орли“ со пријатели од Албанија

t

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, се најде во центарот на вниманието откако на интернет се појавија фотографии на кои тој го покажува симболот на албанскиот орел, пренесе Блиц.

– Тој има албански пријатели, виде како го покажуваат орелот, а момчето на сликата со него му рече: „Ќе покажеме орел за фотографијата?“ И тој прифати – изјавил Гаши.

Фотографијата е направена за време на средбата што Мамдани ја имал со албанската заедница во Њујорк, додека траела изборната кампања.

Од рапер до прв муслимански градоначалник на Њујорк
Зохран Мамдани, 34-годишен демократски социјалист, наскоро ќе ја преземе функцијата градоначалник на Њујорк. Со тоа, тој станува првиот муслимански и првиот јужноазиски лидер на овој град.

Роден е во Кампала, Уганда, а дел од детството поминал и во Јужна Африка, пред семејството да се пресели во Њујорк, пишува „Скај њуз“.

Неговата мајка е филмската режисерка Мира Наир, а татко му Махмуд Мамдани е професор по антропологија на Универзитетот Колумбија.

Пред да се вклучи во политиката, Мамдани бил активен во музиката – настапувал како рапер под уметничките имиња „Young Cardamom“ и „Mr Cardamom“, а создавал и музика за филмови на Дизни.

Оваа година се оженил со сириско-американската уметница Рама Дуваџи, која ја запознал преку апликацијата за запознавање „Hinge“.

Професионално, работел како советник за домување, помагајќи им на сопственици со ниски приходи да се борат против иселување.

Во 2020 година бил избран во Државното собрание на Њујорк, станувајќи првиот маж од Јужна Азија и од Уганда во тоа тело, како и третиот муслиман. За време на мандатот, се залагал за бесплатен јавен превоз, грижа за деца, изградба на станови, зголемена минимална плата преку повисоки даноци за богатите, нови наставни кадри и замрзнување на кириите за регулирани станови.

Мамдани има милиони следбеници на „Инстаграм“ и „ТикТок“, преку кои успеал да ја мобилизира младата публика.

Тој е познат и по своите критики кон Израел и поддршката за палестинската држава, како и по ставот за повисоки даноци за богатите.

Неговите политички позиции предизвикуваат поделби во рамките на Демократската партија, но добил поддршка од сенаторот Берни Сандерс и сенаторката Александрија Окасио-Кортез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зохран Мамдани „леташе орли“ со пријатели од…

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, се…

Додека чекаме ќе го исчисти ли Орце…

И додека ние, гордите македончиња, живи затресени…

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за…

Франција го поздравува потпишувањето на Договорот за…

Инцидент во Тетовско – Малолетник со повреди…

На 06.11.2025 година во 19:45 часот во…

Србија го забрзува уривањето на армиската зграда…

Парламентот на Србија во петокот изгласа посебен…