Велика Британија ѝ помага на Белгија да се справи со деструктивните дронови
Велика Британија испраќа експерти и опрема во Белгија за да ѝ помогне во борбата против вознемирувањата од беспилотни летала кои привремено ги затворија аеродромите, изјави шефот на британската војска, јави Ројтерс.
Минатата недела над аеродромите и воените бази во Белгија беа забележани беспилотни летала, кои предизвикаа големи нарушувања низ Европа во последните месеци.
Ричард Најтон, шеф на британските вооружени сили, изјави за Би-Би-Си дека неговиот белгиски колега побарал помош и дека опремата и персоналот се на пат за Белгија.
„Министерот за одбрана и јас се согласивме на крајот од минатата недела дека ќе распоредиме наши луѓе и опрема во Белгија за да им помогнеме“, рече тој, без да даде детали за тоа каква опрема и колку персонал ќе бидат испратени.
Најтон рече дека сè уште не е познато кој стои зад беспилотните летала, но истакна дека Русија е вклучена во шема на „хибридна војна“ во последните години.
Русија негираше каква било поврзаност со инцидентите.
Беспилотните летала забележани над аеродромите што го опслужуваат главниот град Брисел и Лиеж, на истокот од земјата, предизвикаа пренасочување на многу авиони што требаше да слетаат и приземјување на некои што требаше да полетаат во вторникот.
Бесспилотните летала, исто така, предизвикаа привремено затворање на аеродромите во неколку земји, вклучително и во Шведска во четвртокот.
Германскиот министер за одбрана посочи на врска меѓу неодамнешните инциденти со беспилотни летала во Белгија и дискусиите за користење на замрзнатите руски средства, што ги држи белгиската финансиска институција „Евроклир“ за финансирање голем заем за Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велика Британија ѝ помага на Белгија да…
Велика Британија испраќа експерти и опрема во…
Косово започна да прозведува воени и цивилни…
Косово го направи првиот чекор кон создавање…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Белгиски министер: Ако Москва го нападне Брисел,…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен испрати…
И за вториот изборен круг во недела…
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар…