Снопче: Национално предавство е кога некој им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ

t

Пратеникот од редовите на едното од трите крила на Алијансата за Албанците, Халил Снопче смета дека е „национално предавство кога некој им служи на интересите на ВМРО-ДПМНЕ“.

„Разбирливо е дека ВМРО и нејзиниот лидер имаат планови, но национално предавство е да им се служи на овие планови. Затоа им велам дека не погрешивме што ја напуштивме Владата“, истакнал Снопче

Тој, исто така, ги критикувал дел од лидерите на ВЛЕН, нагласувајќи дека тие порано барале редефинирање на државата, но помеѓу двата круга почнале да користат термини дека етичката припадност е поважна од етничката припадност.

„Замислете, вакви изјави доаѓаа од лидерите на ВЛЕН“, додал Снопче.

Во емисијата „Дебата на Шења“, пратеникот изјавил дека неговата партија, предводена од Арбен Таравари, историски дејствувала од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: УЖ на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски…

Марија Митева, претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бега од одговорност бидејќи со…

Заеднички именител на Филипче и неговиот ментор…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите…

СДС продолжува со ширење лажни, паушални и…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…