Герасимовски: Центар е лидер во дигитализација

t

„Инвестираме во дигитализација за да ги направиме општинските услуги побрзи, поефикасни и подостапни за граѓаните. Наша цел е Општина Центар да биде дигитална, интерактивна и блиска до своите жители“, рече градоначалникот Горан Герасимовски во интервју за емисијата „Програма на градовите” на МРТВ.

Тој посочи дека општината го развива и надградува ГИС порталот, кој им овозможува на граѓаните брз и лесен пристап до информации и документи, како што се деталните урбанистички планови (ДУП), уписите и податоците за училиштата и градинките.

„Со регистрација во ГИС-от, што се наоѓа на општинската веб-страница, граѓаните можат да проверуваат во кое училиште реонски припаѓа нивното дете и да поднесат електронска пријава за упис. Новина е модулот за градинки, преку кој родителите добиваат персонализиран профил на детето, преку кој се информираат за активностите, присуството и другите известувања од градинката ,” рече Герасимовски.

Зелениот катастар, кој исто така е дел од ГИС-от, овозможува увид во мапираното зеленило, со околу 80 проценти од дрвјата веќе внесени со податоци и фотографии.

Дополнително, Digital Twin, тридимензионалната дигитална реплика на урбаното јадро, овозможува транспарентен пристап до урбанистичките планови и инфраструктурата.

„Во делот на животната средина воведуваме СМАРТ-систем за мерење бучава, со уреди на 30 локации кои ќе ја следат бучавата во реално време и ќе обезбедуваат податоци за брза интервенција на нашите инспектори. Во строгиот центар на градот ќе се постават и три бесплатни WiFi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец,” истакна Герасимовски.

„Пред една и пол година завршивме со Смарт програмата за осветлување, со замена на речиси 5.000 улични светилки со енергетски ефикасно LED светло , што ја подобрува видливоста, ја зголемува безбедноста и штеди енергија,” заклучи Герасимовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Герасимовски: Центар е лидер во дигитализација

„Инвестираме во дигитализација за да ги направиме…

Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и…

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска…

Герасимовски: Повторно го чистиме сметот на градот,…

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека пет дена…

Герасимовски со засилена акција за чистење на…

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави…

Герасимовски прогласи победа во Центар

Кандидатот на СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски…