Орбан: Нема да дадеме ниту една пара за мигрантите

t

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека државата нема да го спроведе миграцискиот пакт на Европската унија „сè додека има национална, патриотска влада“.

„Брисел издаде наредба. Пактот за миграција се активира. Би сакал да бидам јасен еднаш засекогаш: сè додека Унгарија има патриотска влада, ние нема да го спроведуваме пактот за миграција“, рече Орбан во порака објавена на Фејсбук, објави MTI.

Тој нагласи дека Унгарија нема да прифаќа мигранти и нема да им даде ниту една пара за нив.

Пактот за миграција и азил е збир правила на ЕУ што треба да стапат во сила од јуни 2026 година, а има за цел да создаде ефикасни и униформни процедури за управување со пристигнувањата, да обезбеди фер распределба на товарот меѓу земјите-членки и да воспостави солидарност, а воедно да ги заштити основните права на мигрантите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Унгарија отвори дел од архивите на комунистичката…

Унгарија објави дел од достапните податоци од…

Унгарија најави откажување од руските енергенси до…

Унгарија планира да се откаже од руските…

Маѓар продолжува со чистката во Унгарија: Се…

Унгарската владејачка партија „Тиса“ ќе го поддржи…

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Приведен поранешниот гувернер на унгарската централна банка,…

Поранешниот гувернер на Унгарската централна банка, Ѓерѓ…