Филипче- Нити сум понудил нити ме одбил бивш доктор и градоначалник за функција – Тоа се кафеански муабети

t

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги отфрла тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека му понудил функција на некој поранешен градоначалник во раководството на партијата, а тој ја одбил. Вели дека нема таков човек што одбил таква понуда и дека не понудил ништо на никого. Обвинувањата ги препишува на „пресовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се занимаваат со кафеански муабети“.

-Тоа што излегува на социјалните мрежи, го демантирам. Нема никакво раслојување. Навистина има единство со сите луѓе и овие што ги спомнавте. Сите помагаат во процесот како што беше и претходно. Во тој манир ќе продолжиме и понатаму, рече Филипче запрашан за „прозивките“ меѓу екс-претседателот Стево Пендаровски и екс-министерот Љубомир Фрчкоски.

Професорот Љубомир Фрчковски го обвини Пендаровски дека „мешетари внатре во СДСМ“. Фрчкоски ова го кажа во неделата вечер, во гостувањето во емисијата „Во Центар“, под наслов „Кои лоби групи сакаат да го сменат Венко Филипче“. На тоа реагираше Пендаровски кој му порача дека „изјавата е целосно одлепена од јавноста“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче- Нити сум понудил нити ме одбил…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче ги отфрла…

Мицкоски за уставните измени: Уште ако може…

А, денеска ми велат Извештајот вели така…

Мицкоски за Коцевски: Почекајте, ќе видите…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска не даде некој…

Кандидатот за градоначалник на Аеродром ќе стане…

Кандидатот за градоначалник нопштина Аеродром, Александар Трајановски,…

Шестмина уапсени поради заговор за киднапирање на…

Европол предупредува дека апсењето на оваа група…