Кренар Лога се повлекува од политиката

t

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, во објава на „Фејсбук“ соопшти дека ја напушта неговата партија, Алијанса за Албанците, и целосно се повлекува од политиката.

„Почитувани сопартијци, почитувани граѓани, по подолг период на анализа и рефлексија, одлучив да се повлечам од партискиот живот и од сите функции што досега сум ги извршувал во Алијансата за Албанците. Ова не е лесна одлука за мене, затоа што во текот на целиот овој пат ја вложив својата енергија, срце и душа, па дури и повеќе од тоа. Имав чест да запознаам верни и неуморни соработници, како и такви што не го издржаа долгиот и предизвикувачки пат. Во изминатите десет години имав можност да запознаам посветени луѓе, искрени пријатели и оддадени соработници. Заедно поминавме низ битки што оставија трага во нас, исто како што и ние оставивме трага во тие битки“, пишува Лога во објавата.

„Имам многу што да раскажам… Се надевам дека еден ден ќе најдам храброст сето тоа да го ставам на хартија“, додава поранешниот министер.

„Северна Македонија заслужува да се издигне како слободна и еднаква држава за сите нејзини граѓани. Многу предизвици се надминати, а многу други сè уште треба да се соочат со внимание, храброст и мудрост. Ни останува заедничка обврска, како Албанци, Македонци, Турци, Власи, Бошњаци и други, да ја изградиме оваа земја како дом сакан и почитуван од сите. Ќе продолжам да бидам меѓу вас, но отсега во еден послободен и независен пат – како солист што можеби ќе има тешкотии да игра сам, но ќе го направи тоа со слободен дух и со љубов кон луѓето“, додава Лога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кренар Лога се повлекува од политиката

Поранешниот министер за правда, Кренар Лога, во…

Буџетот наместо развој нуди нов циклус за…

Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во…

ДУИ ќе одржи партиски конгрес до 20…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржа…

Филипче: Политиката мора да биде алатка за…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…

Црна Гора повеќе не сонува, туку очекува…

Црна Гора е единствената држава од земјите…