Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го разреши од функцијата претседател на ОК приведениот директор на Платежна агенција
Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде беа донесени повеќе одлуки во најголем дел активно поврзани со тековните подготовки за претстојниот редовен Конгрес кој ќе се одржи на 6 Декември во Кавадарци.
Беше донесена одлука за избор на делегати кои ќе учествуваат и одлучуваат на Конгресот. На Конгресот ќе учествуваат над 800 делегати, а генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски беше овластен да ја утврди конечната листа на делегати согласно статутот на ВМРО-ДПМНЕ.
Притоа, беше формиран и организациски одбор кој треба да го подготви Конгресот.
На Централниот Комитет беше донесена одлука за разрешување на Илија Стоилев од местото Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, по случајот на злоупотреба на средства во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Исто така, беше донесена одлука за разрешување на Гоце Стоиловски од местото претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Македонска Каменица.
На Централниот Комитет стана збор и за резултатите од последните локални избори каде ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива и историски висока победа што претставува одговорност за работа и постигнување на резултати и ветеното пред граѓаните на Република Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го разреши од…
Синоќа заседаваше Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде…
Андоновски: Aко утре ги почнеме преговорите, Македонија…
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во…
Снопче: Национално предавство е кога некој им…
Пратеникот од редовите на едното од трите…
Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ е избран за…
Носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за…
СДСМ: Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен…
Со робусно „извештајче“ Европа прати јасен сигнал…