Дијана Хрка повторно примена во болница
Дијана Хрка, која штрајкува со глад во близина на српскиот Парламент, денес повторно беше примена во Општата болница „Медигруп“ поради влошена здравствена состојба, со цел да се обезбеди потребната медицинска помош, соопшти институцијата.
„По проценката на состојбата, на пациентката ѝ беше овозможен медицински надзор и соодветна терапија. Приоритет останува зачувувањето на нејзиното здравје, затоа ги молиме медиумите и јавноста да го разберат и почитуваат правото на пациентката на приватност за време на нејзиниот престој во институцијата“, се додава во соопштението.
Таа претходно двапати добила медицинска помош во Општата болница „Медигруп“ и, откако ја добила помошта, го продолжила штрајкот со глад на раскрсницата Таковска и Булевар крал Александар.
Хрка, чиј син Стефан почина при уривање на настрешница во Нови Сад минатата година, започна штрајк со глад на 2 ноември во близина на Домот на Народното собрание, барајќи сите да бидат одговорни за уривањето на настрешницата и да се покренат судски постапки против одговорните, сите студенти уапсени за време на протестите во текот на изминатата година да бидат ослободени и да се распишат предвремени избори
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…