Објавено на:

САД ќе го прогласат картелот предводен од Мадуро за „терористичка“ организација

t

Картел де лос Солес, група за која САД тврдат дека е предводена од венецуелскиот претседател Николас Мадуро, ќе биде прогласена за терористичка организација, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесува Би-би-си.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во неделата издаде соопштение во кое објавува дека САД имаат намера да ја сметаат групата за странска терористичка организација (FTO) од 24 ноември.

„Картел де лос Солес („Картел на сонцата“), како и  други означени странски терористички организации, вклучувајќи ги Трен де Арагва и картелот Синалоа, се одговорни за терористичко насилство во нашата хемисфера и трговија со дрога во Соединетите Држави и Европа“, се вели во соопштението за медиумите потпишано од американскиот државен секретар Рубио.

САД тврдат дека Мадуро е во дослух со вооружени криминални банди кои транспортираат дрога во САД, обвинувања што венецуелскиот претседател ги негира. А во последните два месеца, американската војска изврши напади врз 21 брод за кои тврди дека транспортирале дрога од Јужна Америка во САД, при што загинаа најмалку 83 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе го прогласат картелот предводен од…

Картел де лос Солес, група за која…

Вучиќ: Решение за НИС во следните седум…

Српскиот претседател Александар Вучиќ нагласи дека одлуката…

Српската министерка за енергетика е подготвена да…

Во врска со ситуацијата во врска со…

Итна седница на српската Влада по американскиот…

Денес во Палатата на Србија ќе се…

Паника во Србија: САД не одобри продолжување…

Американскиот OFAC не го исполни барањето на…