Филипче: Реформи нема, Македонија губи време
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи.
„Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава.“ рече Филипче.
Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите.
„Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Ако до минатата година имаше само еден услов, после еден таков извештај, не сум сигурен дека понатаму нема да имаме и други услови.“ додаде Филипче.
Филипче ги истакна забелешките на Европската комисија за правосудството, борбата против корупцијата, медиумските реформи, економијата и образованието, сектори во кои, според ЕК, нема напредок или е забележано назадување.
„Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани. Нема напредок ниту во борбата против корупцијата. Владата нема напредок во клучни реформи поврзани со економските критериуми. Никој нема да биде крив, целата одговорност е во владината коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН. “ потенцираше Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Реформи нема, Македонија губи време
На денешната седница на Националниот совет за…
Петровска: СДСМ не смее да го игнорира,…
Многу причини доведоа до поразот на СДСМ…
Младеновска: Власта молчи за скандалот со непотребни…
Поминуваат денови од откривањето на еден од…
За 91% е намален буџетот за инспекторатот…
Со предлог буџетот за 2026 година има…
Лукаревска: Во Буџетот нема мерки за раст…
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на комисиската…