10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за 15 дена
Во периодот од 1 до 16 ноември 2025 година, полициските службеници низ целата земја извршија редовни сообраќајни контроли, при што се регистрирани вкупно 10.210 прекршоци. Од нив, 2.983 се однесуваат на возачи кои ја надминале дозволената брзина.
Лишени од слобода биле 55 лица за безобзирно управување на возило според член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 37 возеле под дејство на алкохол, еден возел во забранет правец, 11 ја надминале дозволената брзина во населено место, а шест надвор од населено место.
Покрај тоа, од почетокот на месец ноември евидентирани се 2.717 прекршоци за неправилно паркирање, 1.039 за управување возило без возачка дозвола, како и 300 санкции за возење под дејство на алкохол.
Санкционирани се и 42 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, 282 пешаци, четири возачи на електрични тротинети, како и 546 учесници кои не користеле сигурносен појас. Дополнително, 252 возила биле отстранети од сообраќај поради нерегистрираност, 55 поради техничка неисправност, а 52 возачи добиле казни за затемнети стакла.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата за да се намали бројот на несреќи и да се обезбедат побезбедни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
10.210 сообраќајни прекршоци и 55 приведени за…
Во периодот од 1 до 16 ноември…
Возач на „бентли“ возел 143 наместо 50…
Во близина на крстосница за село Мамутчево,…
Свирепо убиство во Штип: Грабнал и убил…
СВР Штип во соработка со Одделот за…
МВР во петок ќе уништува гранати во…
Министерството за внатрешни работи информира дека во…
Ако градоначалникот има докази за злоупотреби, нека…
Ако градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, има…