Германскиот МНР до Србија: Поддршката за Украина да се покаже на дело!
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека „Србија мора да ја покаже својата поддршка за Украина на дело“ и дека е потребно да ја прилагоди својата безбедносна политика кога станува збор за Украина.
Тој ја даде изјавата по средбата со српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ, додавајќи дека српскиот претседател Александар Вучиќ јасно изјавил дека Србија е на европскиот пат.
„Сметам дека таа изјава е убедлива и целосно ја поддржувам. Затоа, потребно е Србија да ја прилагоди својата надворешна и безбедносна политика на политиката формулирана од ЕУ, првенствено кога станува збор за поддршка на Украина. Интензивно разговаравме за ова и уште еднаш апелирав да се покаже поддршка за Украина на дело и јасно да се формулира дека токму Русија ја започна агресивната војна“, рече Вадефул, додавајќи дека „Украина води војна за сите во Европа и дека е неопходна јасна поддршка и застанување на нејзина страна“.
Вадефул нагласи дека „на патот на Србија кон членство во ЕУ, напредокот во дијалогот со „Косово“ е клучен и дека Охридскиот договор е обврзувачки за двете страни“.
Тој извести дека имал отворени и конструктивни разговори во Белград и подвлече дека Србија и Германија се „економски и човечки поврзани“, потсетувајќи дека Германија е најголемиот трговски партнер и дека голем број Срби пронашле дом во таа земја. „Србија е дел од европското семејство и треба да учествува во семејството на европски вредности. Ветувањето што ЕУ го даде во 2002 година во Солун е сè уште валидно“, нагласи Вадефул.
Тој посочи дека разговарал со министерот Ѓуриќ за заедничката одбрана на европските вредности.
„Објаснив дека Србија, како економски најсилна земја во регионот, со најголемо население, има најголемо значење во Западен Балкан и мора да одлучи да се посвети на својот европски курс и на хармонизацијата на надворешната и безбедносната политика, бидејќи во спротивно испраќа мешани сигнали кои се некомпатибилни со фундаменталните вредности на ЕУ“, рече Вадефул.
Додаде дека разговарале и за безбедноста во Европа. „Целта е да се зајакне независноста од Русија. Разговаравме и за безбедноста на Европа. Мора да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да го завршиме овој конфликт. Војната што ја води Путин има висока цена. Важно е да останеме упорни во ЕУ и да го спроведеме 19-тиот пакет санкции. Помошта за Украина не е само финансиска, туку и политичка, особено кога зборуваме за перспективата за приклучување кон ЕУ. Украина се соочува со тешка зима на војна. „Ова мора да му биде јасно на секој што се грижи за европската безбедност“, рече шефот на германската дипломатија, заклучи Вадефул.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германскиот МНР до Србија: Поддршката за Украина…
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул…
Виткоф во Турција на клучни разговори со…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Акакдемски пленум на Србија: До кога полицијата…
Академскиот пленум на Србија остро го осуди…
Шефот на германската дипломатија во посета на…
Министерот за надворешни работи на Сојузна Република…
Пекол: Украинската војска објави фотографии од уништен…
Копнените сили на Украина објавија фотографии од…