Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони евра и никогаш не проработе – сега ќе се реновира за уште 900.000
Спортската сала на УКИМ, во која државата вложи околу 2,5 милиони евра, денес претставува напуштен и разурнат објект – симбол на долгогодишно институционално занемарување. Иако беше изградена уште во 2017 година со цел студентите од кампусот кај Правниот, Економскиот и Филолошкиот факултет да добијат современ простор за спорт и настава по физичко образование, салата никогаш не беше ставена во употреба.
За само неколку години, новиот објект прерасна во целосно руинирана структура: скршени прозорци, оштетени трибини, уништена спортска подлога и простории претворени во импровизирано депониште. Наместо да биде најголемиот студентски спортски ресурс во државата, салата стана „мртва точка“ во срцето на кампусот, за која со години никој не презеде одговорност.
Според Министерството за спорт, конечно започната процедура за „оживување“ на универзитетската спортска сала. Оттаму велат дека тендерската постапка за избор на изведувач е веќе во тек, а планот е таа да заврши до крајот на годинава. Веднаш по изборот на изведувачот, во законски предвидениот рок, треба да започне и комплетната реконструкција на објектот.
„Министерството за спорт веќе ја почна постапката за реконструкција на салата во кампусот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. До крајот на годината треба да заврши тенедерска постапка за избор на изведувач, а откако ќе биде направен изборот во законски предвидениот рок, ќе почне комплетната реконструкција на салата. Ова е еден од приоритетните проекти во програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура. Овој објект е од особено значење и за образовниот процес и за развој на спортот, бидејќи во оваа сала над 4.000 студенти ќе може да ги реализираат часовите по физичко образование и спорт и да спортуваат.“ велат од ресорното Министерство.
ИЗВОР: Фокус
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони…
Спортската сала на УКИМ, во која државата…
Тим на ФЕИТ доби меѓународна награда за…
Студенти и истражувачи на Факултетот за електротехника…
„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…
Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…
УКИМ испадна од листата најдобри 2.000 универзитети…
Државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од…
НСС УКИМ: ПЛЕНУМОТ ЌЕ СЕ ОДРЖИ!
Пленумот кој е закажан за утре во…