„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како најава за нивниот албум

t

Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова песна „Таа“, десетта по ред и конечниот дел од мозаикот што го сочинува нивниот дебитантски албум. Со ова издание бендот го комплетира првото музичко поглавје создавано со љубов, трпение и визија – албум чија официјална промоција ќе биде објавена во пресрет на многумина кои долго ја чекаат.

“Таа“ е сензуално скроена композиција во која секој творечки елемент внимателно е вградeн.

Текстот на Синиша Карафилоски го отвора патот кон поетскиот свет на песната, додека аранжманот на Дамир Пух и Наташа Миха ѝ дава пулс, длабочина и движење. Во студиото „GreenRoom Sound Studio“ песната го добива својот конечен звук — префинет, чист и искрен, токму онаков каков што ја носи нејзината емоција.

Во центарот на оваа нумера стои вокалната интерпретација на Јордан Џејмс Ивановски, чиј глас ја пренесува суштината на „Таа“ со топлина, кревкост и сила што допира подлабоко од зборовите.

Визуелниот дел од проектот е збогатен со појавата на актерката и уметничка Ирина Кузевска, чија присутност во спотот внесува нов слој на емоција и симболика. Со нејзината игра пред камера, приказната на песната добива лице, поглед и мистерија.

            Со „Таа“, D’Reamers не само што го заокружуваат својот прв албум — тие ја отвораат вратата кон ново музичко патување, преполно со искреност, автентичност и уметничка длабочина. Публиката сега го очекува само последниот чин: промоцијата на албумот, која ќе ги спои сите десет песни во едно целосно уметничко доживување.

Уживајте

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Кичево промовирана книгата „Чувства на хартија“…

Вчера вечер, во Центар за култура „Кочо…

Љутков: Посветени сме на заштита и унпаредување…

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков…

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска…

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската…

Левица: Министерот – глумец контра правата на…

Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално…

„Таа“ – десеттата приказна на “D’Reamers”, како…

Македонскиот бенд  D’Reamers ја претстави својата нова…