Објавено на:

Maж се закани дека ќе ги убие Џеј Ди Венс, Трамп и Илон Маск – ќе ги ставел во мртовечка кеса

t

Маж по име Џејмс Доналд Венс е осуден за закани дека ќе го убие потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, објави британски „Телеграф“.

Џејмс Доналд Венс Џуниор, 67-годишен жител на Гранд Рапидс, Мичиген, беше осуден на две години затвор во понеделникот откако се закани дека ќе го „стави Венс во мртовечка кеса“.

Федералните обвинители соопштија дека тој исто така се заканувал и на Доналд Трамп, претседателот на САД, на неговиот најстар син Доналд Трамп Џуниор и на Илон Маск, милијардерот и поранешен владин советник за ефикасност.

„Ако Трамп, Венс или Маск некогаш повторно дојдат во мојот град, ќе си заминат во мртовечка кеса. Или ќе ме застрела снајперист на Тајната служба или ќе го поминам остатокот од животот во затвор. Имам уште само околу 10 години живот и искрено, воопшто не ми е гајле,“ напишал Венс во април на социјалната мрежа „Блускај“, според кривичната пријава.

Во друга објава, Венс се заканил дека ќе го убие Доналд Трамп Џуниор како одговор на објава на социјалните мрежи во која се сугерираше дека 47-годишниот може да се кандидира за претседател во 2028 година.

„Ќе го убијам тоа глупаво копиле пред воопшто да добие заштита од Тајната служба,“ напишал тој.

Во јули, Венс се изјасни за виновен за закани за убиство или повредување на претседателот и на потпретседателот, како и за меѓудржавно пренесување заканувачки пораки.

Секое од тие тешки кривични дела носи максимална казна од пет години затвор и парична казна од 250.000 долари.

„Кога Венс рече дека планира да ги убие нашиот претседател и потпретседател само зашто не се согласува со нив, тој ја премина линијата што сите ја разбираме и затоа мораше да биде казнет,“ изјави државниот обвинител Тимоти Верхеј.

Минатата година беа направени два атентата врз Трамп за време на неговата претседателска кампања.

Во октомври, Ричард Џејмс Спринг, беше осуден на 18 месеци затвор и казнет со 2.000 долари во Мичиген поради закани дека ќе го убие Трамп по силување на некое лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин по разговорот со Трамп одржа состанок…

Рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Зеленски ќе се сретне со Трамп за…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп: Се чини дека секој пат кога…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…