Објавено на:

Западни медиуми: САД се закануваат дека ќе ја прекинат помошта за Украина доколку до четврток не го прифати мировниот договор

t

САД се закануваат дека ќе ја прекинат размената на разузнавачки информации и испораките на оружје во Украина ако не се согласат со рамката на мировниот договор со посредство на САД, објави денеска Ројтерс, повикувајќи се на две лица запознаени со ситуацијата.

Изворите велат дека Киев е под поголем притисок од Вашингтон отколку за време на сите претходни мировни преговори и дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до следниот четврток.

„Тие сакаат да ја запрат војната и сакаат Украина да ја плати цената“, рече еден од изворите.

Делегација од високи американски воени претставници вчера се сретна со претседателот Володимир Зеленски во Киев и му презентираше план за прекин на војната во Украина.

Порталот „Аксиос“ денеска објави дека американскиот претседател, Доналд Трамп, претставил мировен план за Украина и Русија, што, меѓу другото, содржи 28 точки, кои предвидуваат Украина да се откаже од териториите под руска контрола, да ја ограничи армијата и формално да се откаже од членството во НАТО.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, вчера појасни дека Вашингтон води разговори со двете земји.

Американските медиуми во средата објавија, повикувајќи се на извори, дека планот е развиен од американски и руски претставници, а според неофицијални податоци, во неговото создавање учествувал и претставникот на рускиот претседател, Кирил Дмитриев.

Според Ен-Би-Си, во изготвувањето на документот учествувале специјалниот американски претставник Стив Виткоф, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и зетот на претседателот Доналд Трамп, Џаред Кушнер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 2003 до 2026 година: Верижните несреќи…

Двете верижни сообраќајни несреќи на автопатот „Тракија“…

Сиљановска Давкова изрази сочувство до Јотова за…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изрази сочувство до…

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…