Фон дер Лајен: Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина
Ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека ги информирал претседателката на ЕК и претседателот на Европскиот совет, Антони Кошта, за американскиот план за прекин на руската инвазија на Украина.
„Што се однесува до следните чекори, европските лидери ќе се сретнат утре на маргините на Г20, а потоа во Ангола“, каде што ќе се одржи самитот на Европската унија и Африканската унија, напиша Урсула фон дер Лајен на платформата X. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно денес изјави дека ќе предложи „алтернативи“ на американскиот план за прекин на конфликтот со Русија, план кој се смета за многу поволен за Москва, ветувајќи дека нема да ги „издаде“ украинските интереси. Зеленски предупреди дека неговата земја ризикува да ја изгуби поддршката на САД поради планот на Вашингтон за прекин на војната со Русија. „Украина би можела да се соочи со многу тежок избор – губење на достоинството или ризик од губење на клучен партнер“, рече Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД се подготвуваат за распоредување меѓународни сили…
Американските воени подготовки се во тек во…
Четворица медицински техничари осомничени за убиство на…
Суд во Загреб одреди едномесечен притвор за…
Инфлацијата во октомври 3,3 проценти на годишно…
Најновите податоци на Државниот завод за статистика…
22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…
Експлозија во стан во Аеродром!
На 09.11.2026 во 04:50 часот во СВР…