МВР со детали за апсењето на Аца Лукас!

t

Министерството за внатрешни работи за Инфомакс ја потврди информацијата за апсењето на Аца Лукас.

– На 22.11.2025 во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола.

Против А.В е поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци, а од страна на Основен суд Кавадарци му била изречена парична казна. При контролата во истиот угостителски објект констатирани се прекршоци од страна на УЈП за неиздавање на фискална сметка, прекршок согласно Закон за пушење, a од страна на ДПИ е констатирано дека во објектот се присутни поголем број на гости од дозволениот број, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Министерството за внатрешни работи во соработка со другите надлежни институции, ќе продолжи и во наредниот период со зајакнати акциски контроли на територијата на целата држава, со цел санкционирање на било какво кршење на законите. – соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апсење кај Ќафасан, гостиварец фатен со околу…

Полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“…

МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…

Од МВР информираат дека е поднесена кривична…

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…

Голема полициска акција: Претреси на над 40…

Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…

Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…