Фон дер Лајен: Украинските граници не смеат да се менуваат насила

t

Границите на Украина не смеат да се менуваат со сила, нејзината армија не смее да биде намалена така што ќе остане ранлива на напад, а Европската Унија мора да има централна улога во мировниот договор за Украина, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, објави „Ројтерс“.

Нејзината изјава во неделата доаѓа во момент кога високи претставници на САД, Украина и советници за национална безбедност од Франција, Британија и Германија одржуваат разговори во Женева за американскиот предлог-план за ставање крај на војната во Украина.

– Секој веродостоен и одржлив мировен план треба пред сè да го запре убивањето и да ја заврши војната, без да посее семе за некој идeн конфликт. Се договоривме околу главните елементи што се неопходни за праведен и траен мир и за суверенитетот на Украина.

Претседателката на Европската комисија ги издвои трите најважни елементи според неа.

– Првин, границите не смеат да се менуваат со употреба на сила. Второ, како суверена држава, не смеат да се наметнуваат ограничувања врз украинските вооружени сили што би ја оставиле земјата ранлива на идни напади и со тоа да ја поткопаат европската безбедност. Трето, централната улога на Европската Унија во обезбедувањето мир за Украина мора целосно да се рефлектира. Украина мора да има слобода и суверено право да го избере својот пат. Тие избраа европски пат – рече Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен: Украинските граници не смеат…

Границите на Украина не смеат да се…

Вашингтон пост го објави европскиот мировен план…

Европската верзија на мирно решение меѓу Русија…

Американски дипломат: На „два метри“ сме од…

Соединетите Американски Држави се многу блиску до…

Зеленски и Стармер се согласија за деталите…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и британскиот премиер…

Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи…

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави…