Објавено на:

Се огласи Белата куќа: „Путине, губиш“ – напредок во мировните преговори за Украина

t

Белата куќа соопшти дека секој идeн мировен договор мора целосно да го зачува украинскиот суверенитет и да обезбеди одржлив и правичен мир. Вашингтон и Киев веќе составиле ажурирана верзија на мировниот план, а конечните одлуки ќе ги донесат претседателите Доналд Трамп и Володимир Зеленски.

По разговорите во Женева, двете страни порачаа дека преговорите биле конструктивни и дека е постигнат значаен напредок. Украинската делегација уште еднаш ја истакнала благодарноста за американската поддршка и за, како што наведуваат, „неуморните напори“ на Трамп за крај на војната.

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е „многу оптимистичен“, дека преговорите се движат во добра насока и дека во најновата верзија на планот сè уште може да има измени. Тој додаде дека Русија, иако не присуствувала на состаноците, ќе мора да биде консултирана во следната фаза.

Во меѓувреме, Велика Британија, Франција и Германија го претставија својот европски противпредлог, кој бара прекин на огнот пред разговори за територија, отстранување конкретни територијални отстапки и дозволување Украина да задржи мирнодопска армија до 800.000 војници. Еден дел од американскиот план предвидува и безбедносни гаранции од типот на Член 5 на НАТО.

Рубио потврди дека разговорите продолжуваат интензивно, дека се работи на усогласување на отворените точки и дека е можно Трамп и Зеленски наскоро да имаат директна комуникација. Според него, целта е договор „што е можно побрзо“, затоа што секое одложување значи нови жртви на фронтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се огласи Белата куќа: „Путине, губиш“ –…

Белата куќа соопшти дека секој идeн мировен…

Словенците на референдум го отфрлија законот за…

Словенечките гласачи на вчерашниот референдум го отфрлија…

Две недели по мега-скандалот со ИПАРД средствата,…

Две недели по обелоденувањето на мега-скандалот со…

Почина проф. д-р Илија Џонов, невропсихијатар и…

Почина проф. д-р Илија Џонов, еден од…

Рубио е оптимист: Договор Русија-Украина може да…

Американските и украинските власти потврдија дека идниот…