Трамп: Приходите од царините наскоро ќе „експлодираат“, ќе нѝ донесат големо богатство
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека воведените царини од негова страна наскоро ќе го покажат својот целосен импакт, бидејќи резервите што компаниите ги складираа пред новата царинска политика се исцрпени. Во објава на неговата мрежа Truth Social, Трамп тврди дека значителен дел од приходите од царините сè уште не се додадени на „стотици милијарди долари“ што веќе се собрани.
Трамп вели дека многу компании нарачувале стока на големо пред царините за да избегнат плаќање на краток рок.
„Тие „ги зголемиле резервите“ купувајќи многу повеќе отколку што можат да искористат за да избегнат плаќање на царините на краток рок“, напиша тој.
Според него, оваа практика сега се намалува.
„Сепак, оваа голема откупна акција сега се намалува и наскоро ќе се плаќаат царини за сè на што се однесуваат, без заобиколување, а износите што треба да се платат на САД ќе експлодираат над веќе историските нивоа“, најави тој.
Трамп ја откри својата економска политика базирана на тарифи во февруари 2025 година, но најновите извештаи покажуваат дека проектот би можел да донесе до трилион долари помалку приходи од првично проектираните.
Имено, Канцеларијата за буџет на Конгресот објави дека дефицитот веројатно ќе се намали за 3 трилиони долари, што, како што објави „Индипендент“, и тоа е помалку од очекувањата на администрацијата на Трампш.
И покрај тоа, Трамп останува оптимист:
„Приходите ќе бидат рекордни, и ќе ја постават нашата нација на нов и невиден пат. Ние сме „најжешка“ земја насекаде во светот, но оваа моќ на царините ќе и донесе на Америка национална сигурност и богатство какво што не е видено никогаш порано“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Приходите од царините наскоро ќе „експлодираат“,…
Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека воведените…
„Фајненшл тајмс“: Европа се подготвува за сценарио…
Американскиот претседател Доналд Трамп би можел да…
Мамдани, дури и по успешната средба со…
Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зорхан Мамдани (34),…
Мерц: Неприфатливо е САД да располагаат со…
САД не можат да располагаат со замрзнатите…
Откако Трамп се пожали на Украинците, Зеленски…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им се заблагодари…