Откупот на тутун никако да започне, производителите се нервозни
Дури осум од десетте компании што откупуваат тутун сѐ уште не почнале со откупот. На теренот се само Прилепскиот комбинат и малата компанија „Кавекс“ од Неготино, јавува МИА.
Од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека „не знаат зошто откупувачите молчат и тактизираат“.
– Досега никоја од компаниите не известила кога ќе почне со откупот, ниту знаеме зошто молчат и тактизираат. Тутунарите почнуваат да се прашуваат што се случува, се создава притисок, неизвесност- вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија.
Од Министерството за земјоделство потврдуваат дека за денес закажале состанок со компаниите за откупот на тутунот.
Откупувачите ја користат законските можност – имаат рок до 15 декември да ги отворат пунктовите. Токму поради ова земјоделците бараат законските измени за прецизен датум за почеток на откупната кампања.
– Сакаме во Законот за тутун да го внесеме првиот и последниот ден на почеток и крај на откупот. Односно, откупот на тутунот да почне на 1 декември и да трае до 28 февруари. Досега е дадена можноста компаниите да може да почнат од 15 ноември и со краен рок да ги отворат пунктовите до 15 декември. Вака компаниите тактизираат со почетокот на откупот – објаснува Ристески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наместо пари, тутунарите добија извинување: Исплатата на…
Наместо пари тутунарите добија извинување од претседателот…
Владата го усвои предлог законот за заштита…
Владата денеска го усвои Предлог-законот за заштита…
Во април повеќе се купувале храна, пијалаци…
Во април годинава во однос на април…
Приведени 9 лица, меѓу нив и малолетник,…
Полицијата и државниот пазарен инспекторат затекнаа неколкумина…
СДСМ: Откупот на тутун на терен се…
СДСМ води вистинска грижа за тутунарите, го…