Украина го изменила американскиот мировен план на разговорите во Женава и исфрлила девет точки
Украина значајно го изменила американскиот мировен план, отстранувајќи некои максималистички барања на Русија, изјави за „Гардијан“ извор запознат со разговорите во Женева, додека европските лидери предупредуваат дека никаков договор не може да се склучи брзо. Володимир Зеленски би можел да се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа оваа недела, при што Украина притиска и Европа да биде вклучена во разговорите.
Оригиналниот план со 28 точки барал од Украина да го предаде регионот Донбас во целост, да ја намали својата војска и да вети дека нема да се придружи на НАТО. На разговорите во Женева планот бил ревидиран и сега се состоел од 19 точки. Украина и нејзините европски сојузници бараат постојната линија на фронтот да биде почетна точка во територијалните разговори. Тие велат дека не може да има признавање на окупираните територии како руски и дека Украина треба сама да одлучи дали ќе се придружи на ЕУ и НАТО.
Москва ја отфрли европската верзија на планот.
„На прв поглед, европскиот план е целосно непродуктивен и не ни одговара“, изјави Јури Ушаков, советникот за надворешна политика на Кремљ.
Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека состанокот во Женева поминал многу добро и дека е постигнат огромен напредок кон усовршување на планот.
„Дали е навистина можно дека е постигнат голем напредок во мировните преговори помеѓу Русија и Украина? Не верувајте во тоа додека не го видите, но можеби нешто добро се случува“, напиша Трамп на социјалните мрежи денеска.
По враќањето од Женева, украинската делегација ја опиша последната верзија на планот како пореалистична, додека Ушаков кажа дека Кремљ ќе побара преработка на неколку делови од оригиналниот план.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…