Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

t

Во судницата во затворскиот комплекс Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. По воведниот говор на обвинителството на претходното рочиште, процесот ќе продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната.

Обвинителот Борче Јанев повтори дека обвинителството бара индивидуална одговорност за долгогодишното игнорирање на безбедносните ризици кои ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“. Според него, трагедијата не е само последица од активирањето пиротехника на настапот на групата „ДНК“, туку резултат на систематска негрижа, недостиг од контрола и институционален молк кој траел повеќе од една деценија.

„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, рече Јанев, додавајќи дека доказите ќе покажат дека опасноста била одамна присутна, а никој од обвинетите не ја спречил иако бил должен да го стори тоа.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Судијката Диана Груевска Илиевска, која го води процесот, пред почетокот на судењето предупреди дека ќе бара максимална дисциплина од сите страни и дека секое неоправдано одложување ќе биде санкционирано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Во судницата во затворскиот комплекс Идризово денеска…

Аца Лукас и менаџерот Саша Мирковиќ приходите…

Сите приходи од претстојниот концерт на 20…

СДСМ: Мицкоски преку Гаши се обидува да…

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски преку…

Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна…

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше…

Јанчев за приведувањето на Аца Лукас: 700…

Настапот на српската ѕвезда Аца Лукас во…