Додик: Каран победи и покрај обидите да се дестабилизира Република Српска

t

Претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) Милорад Додик, коментирајќи го исходот од вонредните претседателски избори во Република Српска, изјави дека обидот на високиот претставник Кристијан Шмит, „пробошњачките структури“ и „антисрпските елементи“ да ја дестабилизираат РС – пропаднал, пренесе РТРС.

– Сè беше насочено кон дестабилизација на Република Српска, но не успеаја. Народот, во невозможни услови, гласајќи за (кандидатот на СНСД) Синиша Каран, ги победи Шмит, намерите на босанските муслимани од Сараево и предавничките намери на опозицијата, изјави Додик.

Тој ги одби барањата на опозицијата за повторување на изборите на одредени избирачки места.

– Избори нема да се повторуваат. Разбирам огорченост, но треба малку достоинство. Како само знаете дека имало неправилности во Добој, Зворник и Лакташи, а не во Теслиќ, Бијељина или Бања Лука?, рече Додик.

Според него, опозицискиот кандидат Бранко Блануша не успеал да постигне подобар резултат и покрај тоа што „меѓу 18.000 и 20.000 Бошњаци“ гласале за него. Тој додаде дека не е против Бошњаците, но оти „нивната лојалност кон СДС не е лојалност кон Република Српска“.

СНСД соопшти дека нивниот кандидат Синиша Каран освоил околу 8.500 гласови повеќе од Блануша. Според последните податоци на Централната изборна комисија, по обработени 99,72 отсто од избирачките места, Каран освоил 50,31 отсто од гласовите, а Блануша 48,36 проценти.

Иако ЦИК сè уште ги објави конечните бројки, од СНСД порачаа дека изборите се завршени и дека Каран е новиот претседател на Република Српска. Опозицијата, пак, бара повторно гласање во Добој, Зворник и Лакташи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…

Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…

Централната изборна комисија на БиХ одлучи: Одземање…

Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина,…

Додик пред седницата на ЦИК на БиХ:…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, даде…

Додик во посета на Орбан: Благодарен сум…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, објави…

Додик: Очигледно е дека Судот на Босна…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…