Операција „Орош“ во Албанија: По 12 часа опсада уапсени двајца мажи поврзани со ИСИС

t

Албанската полиција по долготрајна и високоризична операција во руралниот предел Орош, близу Мердита, уапси двајца мажи осомничени за терористички активности. Специјалната акција, наречена „Орош“, се водела со учество на полициските единици од Пук, специјалците на „Ренеа“ и тимот за брзи интервенции „Шќипоња“.

Полицијата ја опколила напуштената куќа каде што двајцата бегалци – Јулиан Чумраку и Арбен Ука – се криеле речиси еден месец. Официјалните податоци што ги пренесе Топ Чанел наведуваат дека опсадата траела приближно дванаесет часа, при што осомничените одбивале да се предадат, упатувале закани и пукале кон специјалците. Од внатрешноста на куќата се слушале извици, а вооружените мажи постојано одржувале оган кон полицијата.

По долги преговори со нивните роднини, Чумраку и Ука конечно ја прифатиле наредбата да се предадат. За време на интервенцијата, Ука бил ранет и веднаш пренесен во болницата во Скадар, каде што е стабилизиран и не е во животна опасност. И двајцата долго време биле под лупа на антитерористичките служби, а за Чумраку постојат сомнежи дека има директни врски со терористички групи.

При претресот на локацијата бил пронајден импозантен арсенал: автоматско оружје, пиштоли, рачни бомби, големи количества муниција, одредени елементи за подготовка на експлозивни направи – капачиња за електрични детонатори, фитили и други материјали. Дополнително, полицијата запленила и знамиња на Исламската држава, што, според истражителите, ја потврдува радикализацијата и евентуалната поврзаност на уапсените со терористички мрежи.

Албанските власти соопштија дека истрагата продолжува и дека ќе се испитува дали Чумраку и Ука биле дел од поширока структура и дали подготвувале конкретни планови за терористички напади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Операција „Орош“ во Албанија: По 12 часа…

Албанската полиција по долготрајна и високоризична операција…

ФОТО: „Заборавија“ која држава им овозможи настап…

Екипата на Шкендија в четврток ја чека…

Албанската министерка за Европа тврди дека ‘рбетот…

Албанската министерка за Европа и надворешни работи,…

Судот потврди дека вицепремиерката на Албанија не…

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал,…