Прекинати летови на скопскиот аеродром поради опасен метеоролошки феномен

t

Вечерва повторно е нарушен авиосообраќајот на Меѓународниот аеродром Скопје поради влошени временски услови и појава на опасен метеоролошки феномен „wind shear“, кој претставува сериозен ризик при слетување.

Според првичните информации, најмалку два лета – од Истанбул и од Венеција – не успеале безбедно да пријдат кон скопската писта и биле пренасочени кон Приштина.

Особено драматична била ситуацијата со летот од Венеција, кој повеќе од еден час кружел над Скопје пред екипажот да донесе одлука за пренасочување.

Нарушувањата во авиосообраќајот продолжуваат, а патниците се очекува да добијат дополнителни информации од своите авиокомпании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…