Полицијата уапси девет девојки од Колумбија кои биле во кафеана во гостиварското село Добридол
Полицијата уапси девет државјанки на Колумбија под сомнеж дека го злоупотребиле туристичкиот престој во гостиварско и против нив се поднесени соодветни пријави.
Од СВР Тетово информираат дека вчеравечер при преземање на мерки и активности во угостителски објект во селото Добридол, гостиварско, биле затекнати 13 женски лица.
– Меѓу нив имало девет државјанки на Колумбија и четири македонски државјанки. Поради злоупотреба на туристичкиот престој, странските државјанки П.Ц.Д.М. (32), Д.Ј.Ј.Р. (28), Х.М.М.Л. (23), О.К.Е.(34), З.М.А.М. (24), Х.Б.К.В.(20), Ј.Н.В. (26), Л.С.Ј.Р. (26), П.М.М.М. (32), сите од Колумбија се приведени, против нив се поднесени пријави, велат од СВР Тетово.
Според информацијата, од страна на Основен суд Гостивар им е одредена мерка забрана за влез во државава во времетраење од една година и парична казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен 25-годишник од Тетово: Ја нападнал сопругата,…
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.…
Храната повторно поскапува во Европа, еве кои…
Цените на храната во Европа повторно почнуваат…
Уапсен Драган Петровски – Штука во полициската…
Голема полициска акција против организирана криминална група…
Вицепремиерот на Баварија е најден мртов во…
Полицијата во Берлин ја истражува ненадејната смрт…
Северна Кореја ѝ порача на ЕУ да…
Северна Кореја остро реагираше на нацрт-резолуцијата на…