24-часовен шрајк во Белгија против владините реформи

t

Во Белгија денеска се одржува 24-часовен генерален штрајк, со кој се заокружува серијата протести организирани од трите најголеми синдикати.

Иако не беше предвиден голем марш во Брисел, низ земјата имаше собири и блокади, а на протестот се приклучија и многу работници од приватниот сектор.

Штрајкот го организираат  Конфедерацијата на христијанските синдикати, Генералната федерација на трудот на Белгија и Генералната конфедерација на либералните синдикати на Белгија , кои се спротивставуваат на социо-економските реформи на белгиската влада. Синдикатите тврдат дека мерките ги намалуваат пензиите и социјалната поддршка, го зголемуваат ДДВ-то и ги ограничуваат правата на работниците. Бараат укинување на овие политики и воведување даноци за богатите и големите компании.

Утрово активисти ги блокираа приодите до пристаништето во Антверпен. Полицијата интервенираше по инцидент со двајца велосипедисти, по што блокадата беше тргната попладне. Во штрајкот се вклучи и образовниот сектор, каде над 25.000 вработени стапија во протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…

Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…

Во Белгија едно од 20 деца го…

Повеќе од еден од 20 ученици во…

650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…

Белгија продолжува да се бори со најголемиот…

Трагедија во Белгија: повеќе жртви во пожар…

Повеќе лица загинаа, а голем број се…

Белгија почна да произведува системи за откривање…

Белгија во соработка со австралиска компанија почна…