Најмалку 36 загинати и 279 исчезнати во пожарот во Хонг Конг, го гасат над 800 пожарникари
Речиси 300 луѓе се водат како исчезнати по денешниот пожар во Хонг Конг, кој зафати седум висококатници од станбен комплекс. Досега е потврдено дека загинале најмалку 36 луѓе, вклучувајќи еден пожарникар, а со 279 лица не може да се стапи во контакт.
Властите кажаа дека пожарот и натаму е активен, иако полека го ставаат под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе од 800 пожарникари со 140 противпожарни возила.
„Во три згради веќе нема знаци на оган“, изјави извршниот шеф на Хонг Конг, Џон Ли.
Отворена е истрага за причините за пожарот. Официјални лица кажаа дека брзината со која се ширел огнот е невообичаена. Комплексот бил во фаза на реновирање, па целиот бил окружен со бамбусови скелиња и се верува дека таму избувнал пожарот.
Стотици жители се евакуирани во привремени засолништа, а во болница се десетици луѓе, од кои некои се во критична состојба.
Довршен во 1983 година, комплексот „Ванг фук корт“ се состои од осум згради високи по 31 кат. Содржи 1.984 станови, во кои живеат над 4.600 луѓе, од кои една третина се постари од 65 години, според владини податоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…
(Видео) Гори амбасадата на Пакистан во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата…
Мачки активирале рингли во Баварија и предизвикале…
Две мачки предизвикале голем пожар во стан…