Левица предлага формирање градско претпријатие за енергетска независност и крај на скапата струја

t

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за формирање на градско енергетско претпријатие „Енергија Скопје“ ДООЕЛ, чија цел, како што велат од партијата, е Градот Скопје конечно да ја намали зависноста од скапото купување електрична енергија и да обезбеди сопствено производство од обновливи извори.

Според Левица, Градот Скопје и јавните претпријатија во моментов плаќаат огромни износи за струја и наместо средствата да се трошат на комунални услуги, инфраструктура и подобар јавен превоз, тие завршуваат во надворешни снабдувачи.

„Со ова решение, Градот ќе може сам да произведува дел од потребната електрична енергија, да ги снабдува своите институции по минимални цени и да продава вишок на пазарот, со што ќе обезбеди нови приходи. Ова е стратешки проект кој обезбедува долгорочна стабилност и независност, а не краткорочна мерка. Градот има огромен неискористен потенцијал, кровови, објекти и локации каде може да се развијат фотоволтаични централи и системи за складирање енергија“ велат од партијата.

Од Левица очекуваат мнозинството во Советот, предводено од ВМРО–ДПМНЕ, да ја поддржи нивната иницијатива ако, како што велат, навистина им е приоритет јавниот интерес.

„Ова не е партиска идеја, ова е решение кое му користи на целиот град. Одбивањето на оваа иницијатива би значело дека некој става политички интерес пред интересот на скопјани, и дека не се сака долгорочно решение за намалување на трошоците, модернизација и енергетска независност“ порачуваат од Левица.

Оттаму додаваат дека ќе продолжат да предлагаат системски и развојни проекти со кои Градот ќе стане финансиски постабилен, енергетски ефикасен и поеколошки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица предлага формирање градско претпријатие за енергетска…

Советничката група на Левица во Советот на…

Максимална достигната цена на стан е 3.070…

Директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски,…

Левица: Потребни се субвенционирани квалитетни контрацептивни средства…

Антифашистичкиот фронт на жените при Левица (АФЖ)…

Бремена жена го изгуби бебето од стрес…

Левица обвинува за уште еден немил пример…

Полициска акција во Скопје, Куманово и други…

Утрово се спроведува полициска акција во Скопје,…