АПАСИЕВ ЗАКАЖА СЕДНИЦА НА КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПО ПРЕТСТАВКА ОД РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА „ПУЛС“

t

Претседателот на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права Димитар Апасиев, за 9 декември закажа седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март 2025“, во кое членуваат родителите на загинатите деца од Кочани.

Претседателот на Левица на денешната прес-конференција кажа дека датумот е избран за да не се преклопува со судските рочишта, но и поради симболиката со Светскиот ден на човековите права – 10 декември.

На седницата, покрај членовите на Комисијата, поканети се и државниот врв, вклучувајќи ги премиерот, министерот за внатрешни работи, претседателот на државата, како и претседателот и потпретседателите на Собранието. Обраќање ќе имаат и родителите – подносители на претставката.

„Ова не е ниту надзорна, ниту јавна расправа, туку редовна седница што Комисијата ја одржува кога постапува по претставки на граѓани. Клучната цел е конечно родителите да добијат институционална можност да се обратат во Собранието, нешто што со месеци им беше блокирано преку три неуспешни обиди да се стави точката на дневен ред“, рече Апасиев.

Тој рече дека за разлика од предлозите за ад-хок анкетни комисии кои имаат временски ограничен мандат, оваа Комисија има континуитет и редовни обврски да ја утврди политичката одговорност и системските пропусти, без да се меша во судската постапка за кривичната одговорност.

Од седницата се очекуваат заклучоци за конкретни законски измени за да се спречат идни трагедии како пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…