По протестот и критиките на опозицијата и ЕУ, Владата на Бугарија го повлече нацрт буџетот

t

Владата на Бугарија по масовните протести, несогласувањата од партиите и синдикатите и предупредувањето од ЕУ дека не е во согласност со буџетските правила на Унијата, денеска го повлече предлог буџетот, што беше доставен до Парламентот.

Лидерот на владејачката партија ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов ја повика Владата на Росен Желјазков да ги продолжи разговорите со социјалните партнери – работодавците и синдикатите.

Неколку десетици илјади граѓани синоќа протестираа пред Парламентот во Софија поради планираниот буџет за 2026 година.

Демонстрантите изразија загриженост поради предвиденото зголемувањето на социјалните придонеси и даноците, како и против издвојувања на речиси 46 проценти од бруто домашниот производ за Владата.

Протестот го организираа опозициските партии Продолжуваме со промените и Демократска Бугарија. Демонстрантите „Мафија“, „Буџетот е шуплив. Не сакаме банкрот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…

Димитровски: Нашите позиции се јасни – реципроцитет…

Заменик-министерот за надворешни работи и трговија Зоран…

Бугарија дава по 50 евра помош за…

Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…

Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…

ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…

ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…

Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…