Реконструкција на влада

t

До крајот на идната недела и пред конгресот на ВМРО-ДПМНЕ власта планира собраниска седница за испразнетите министерски места велат собраниски извори од мнозинството за ТВ 24.

Предлог имињата од Вреди до премиерот Христијан Мицкоски за реконструкција на владиниот состав се Беким Сали за позицијата прв вицепремиер и министер за евроинтеграции, Мухамед Хоџа министер за животна средина, Орхан Муртезани амбасадор во Брисел, а Башким Бакиу министер за здравство. Додека пак, актуелниот директор на МЗ Азир Алиу за директорската позиција на АЕК.

Засега нема предлог за заменик министер во одбрана, а не се исклучува можноста да остане празно место до големата реконструкција по Нова година.

Вчера премиерот Христијан Мицкоски посочи дека Вреди немало да добијат ресор плус во Владата. Најави дека имињата на министрите во реконструираната влада ќе бидат поднесени до понеделник.

Христијан Мицкоски-претседател на Влада на РСМ

„Нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори, тоа е во рамките на нашата заедничка коалиција, а околу имињата очекувам дека во понеделник ќе ги доставам откако ќе бидат искристијализирани но тоа се оние имиња кои циркулираат во јавноста.“

Претходно, во гостување на Тв 24 министерот за економија Бесар Дурмиши кажа дека не очекува промена кај него и дека до крајот на мандатот има уште многу цели кои ресорното министерство и тој како министер треба да ги направи.

Во пост конгресната реконструкција на ВМРО-ДПМНЕ фиксни се првда, култура и туризам, земјоделство, а промени не се исклучуваат и во локлана и одбрана. Освен во Владата Мицкоски најави и промени во партијата по Конгресот. Ќе има промени во ИК, потпретседателите, а веќе дел од членството го пикирале и местото на генералниот секретар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…