Трамп го честита Денот на албанското знаме – Бегај: Албанија секогаш ќе стои покрај САД
Албанскиот претседател Бајрам Бегај објави дека добил честитка од американскиот претседател Доналд Трамп по повод националниот празник Денот на знамето и, изразувајќи благодарност, рече дека Албанија секогаш ќе стои покрај САД.
Во објава на социјалната мрежа „X“, Бегај изјави дека му е чест да им ги пренесе честитките на американскиот претседател на граѓаните на овој значаен ден.
„Благодарност до Соединетите Американски Држави и благодарност до претседателот Доналд Трамп за топлите и позитивни пораки испратени на овој значаен ден. Албанија останува посветена на соработката со Соединетите Американски Држави по нашите заеднички приоритети“, напиша Бегај.
Тој рече дека Албанија отсекогаш била и отсекогаш ќе биде покрај Соединетите Американски Држави. „Нека Бог ги благослови нашите народи и нашите земји“, додаде Бегај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…
Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…
Мнозинството граѓани во САД и во Канада…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…