Полицијата казни 12 возачи во Скопје за време на прославата на Денот на албанското знаме
Во текот на изминатата вечер, во периодот од 20:00 до 00:30 часот, скопската полиција спроведе засилени контроли за време на одбележувањето на Денот на албанското знаме. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје изрече вкупно 12 мерки за различни прекршоци што ги загрозувале сообраќајната и јавната безбедност.
Двајца возачи биле затекнати како управуваат возило без возачка дозвола, едно лице возело со истечена регистрација, а еден возач управувал возило со несоодветна категорија. Најголемиот број санкции – осум – се изречени поради опасно однесување, бидејќи лицата седеле на надворешните делови од автомобилите во движење, со што ја загрозиле сопствената безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Полицијата информира дека привремено е одземено и едно возило поради сомневање за техничка неисправност. Од МВР наведуваат дека контролите ќе продолжат, а целта е да се спречи опасно однесување и да се гарантира безбедноста на граѓаните за време на масовни и празнични собири.
Извор: skopje1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР најави зголемена употреба на дронови за…
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека…
МВР: Две кумановки и пет банкарки осомничени…
Од МВР информираат дека е поднесена кривична…
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…