Арсовски бара јавно извинување од СДСМ, од таму одговорија: На криминалци не се извинуваме

t

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска побара извинување од СДСМ, откако генералниот секретар на партијата Александар Саша Димитријевиќ денеска го спомена неговото име во врска со фирмата „Дигитал оне“, за која изјави дека добила тендери во вредност од речиси девет милиони евра.

-Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, се уште владеат во СДСМ. Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето, објави Арсовски на Фејсбук.

Тој рече дека не го познава човекот, кој е сопственик на фирмата и побара јавно извинување од СДСМ.

-За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери. Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство, нагласи Арсовски.

За разлика од нив, додава тој, секој мој прес каде што било изнесено што било како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици.

-Знам дека се уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал. Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма. Така победува ВМРО-ДПМНЕ на изборите, со чесно и домаќинско работење, а криминал доколку некаде има, институциите си ја вршат работата и тоа се гледа, напиша Арсовски.

Од СДСМ одговорија:

Скандалот кој СДСМ денеска го објави ги потврдува сите криминални шеми на ДПМНЕ како се крадат парите на граѓаните.

Документите се јасни: тендери вредни речиси 9 милиони евра, се дадени на фирма со двајца вработени лица, формирана пред само една година.

Четири од шест договори се добиени од Генералниот секретаријат на Владата на Мицкоски.

Ова е класична шема за испумпување на пари од граѓаните преку фирми блиски до власта.

СДСМ бара акција од институциите за криминалците во власта да одговараат а крадењето од граѓаните да престане.

Не баравме ниту роднинско стебло ниту извод од Димса Арсовски туку да одговори на прашање дали е роднински поврзан. И нема за што да му се извинуваме.

Човек без работен стаж коментира нечии кариери? Човек кој лаже и краде бара извинување?

СДСМ не се извинува на криминалци.

Ниту Груевски и Мијајлков не се со исто презиме па сепак се роднини.

Димса не дефокусирај, она што е сигурно: сите вие во ВМРО-ДПМНЕ сте роднини по криминал.

СДСМ продолжува со разоткривање на криминалот на ДПМНЕ. Утре ќе објавиме нови аспекти на овој скандал, да видат граѓаните какви луѓе стојат зад овие фирми кои добиваат милионски тендери и со што се поврзани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ, од…

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска…

СДСМ: Криминалната Влада на Мицкоски молчи за…

Помина цел ден а Владата на Мицкоски…

9 милиони евра тендери за фирма со…

Прес конференција на Александар Саша Димитријевиќ, генерален…

Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

„Владата на Мицкоски создаде тотален хаос со…

Тренчевска: Со ВМРО-ДПМНЕ дупката во ПИОМ достигна…

Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка…