Македонски државјанин загина во тешка сообраќајна несреќа во Цирих
Тешка сообраќајна несреќа со фатални последици и елементи на кривично дело ја потресе швајцарската јавност викендов.
Во инцидентот што се случи во Шлиерен, кантон Цирих, животот трагично го загуби 39-годишен државјанин на Македонија.
Возачот, исто така 39-годишен Македонец, по сударот избегал од местото на настанот без да му пружи помош на својот тешко повреден сопатник.
Настанот се случил доцна во саботата вечерта, а епилогот е едно загината лице, еден уапсен и истрага која сè уште трага по мистериозна сопатничка.
„Летале“ низ зона 30 со џип од 500 коњски сили. Според официјалниот извештај на Кантоналната полиција во Цирих, несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот. Возилото, моќен СУВ (џип) марка „БМВ“ со над 500 коњски сили, се движело од улицата „Енгштрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“. Полициските експерти врз основа на трагите на местото на несреќата заклучиле дека се возело со значително поголема брзина од дозволената, во зона каде ограничувањето е стриктно 30 километри на час.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Виена, Копенхаген и Цирих меѓу најдобрите европски…
Европските градови и годинава доминираат на листата…
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…