Демири за ТВ 24: Најпрво треба да се „излечиме“ самите себеси, а потоа и граѓаните

t

Илир Демири, пратеникот кој од викендов е најави дека ќе настапува независно, за ТВ 24 вели дека идејата му е да почне процес кој што ќе заврши со обединување на крилата на Зијадин Села, Арбен Таравари и Арбен Фетаи.

„Мојата идеја е исклучиво племенита и ги повикувам сите пратеници кои се од Алијанса за Албанците, од сите крила да ми се приклучат да направиме една пратеничка група, која ќе направи Конгрес на кој ќе си решиме проблемите. Наместо да се судиме, да си ја консолидизираме партијата за да бидеме опција за граѓаните, кои на овие избори ни пратија сериозна порака, вели за ТВ 24 Демири.

Демири е вториот функционер од АА крилото на Села кој после изборите презема чекор кој ја бранува политичката сцена. Пред извесно време од партијата се повлече и поранешниот министер за правда и генерален секретар Кренар Лога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Демири за ТВ 24: Најпрво треба да…

Илир Демири, пратеникот кој од викендов е…

Дизелот поевтинува од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Милевски веќе не е селектор на Македонија

Од денеска Благоја Милевски и официјално веќе…

Германија брзо ја подготвува одбранбената стратегија: Дали…

Оперативниот план на Германија (OPLAN DEU), долго…

Македонска компанија воведува четиридневна работна недела

„Магнометал“ ДООЕЛ денес објави дека, почнувајќи од…