Радев по ескалацијата на протестите во Бугарија: Единствениот излез се оставка и предвремени избори
Протестот во Софија против буџетот за 2026 година ескалира уште пред официјалниот почеток во 18 часот, кога илјадници демонстранти почнаа да се собираат на Плоштадот на независноста, Околу 22 часот протестот се претвори во поворка која се упати кон седиштето на ДПС, каде што тензиите нагло се зголемија. Од ПП–ДБ тврдат дека насилството било предизвикано од организирани провокатори.
Во округот Обориште демонстранти провалија канцеларија на партијата ГЕРБ. Паралелно, низ центарот беа запалени канти за ѓубре, искорнати улични столбови, скршени ламби, знаци и оштетени трамваи. Полицијата се обидуваше да ја раздели толпата, додека кон униформирaните службеници беа фрлани тешки предмети,
Во судирите беа повредени и новинари од јавната телевизија. Пратеничката од ПП–ДБ, Елисавета Белобрадова, изјави дека „околу 25 момчиња со качулки вршат вандализирање и полицијата може да ги запре ако сака“, додавајќи дека пожарите не биле навремено адресирани од службите.
Во јавна реакција, претседателот Румен Радев порача дека насилството е „провокација од страна на мафијата со цел судир меѓу полицијата и демонстрантите“, нагласувајќи дека „единствениот излез се оставка и предвремени избори“.
Протести се одржаа и во други градови во Бугарија, како и во странство, со барање буџетот поднесен до Националното собрание да биде повлечен.
(Видео) Над 80.000 луѓе на масовни анти-владини протести во Бугарија
(Видео) „Не си го бркајте народот“ – анти-владини протести низ сите големи градови во Бугарија!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев по ескалацијата на протестите во Бугарија:…
Протестот во Софија против буџетот за 2026…
(Видео) „Не си го бркајте народот“ –…
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…
(Видео) „Мирните протести завршија“ – Ескалираа протестите…
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…
(Видео) Над 80.000 луѓе на масовни анти-владини…
Вечерва над 50.000 граѓани се собраа на…
Поплави во неколку градови во Бугарија
Силно невреме со дожд и ветер го…