110 илјади прекршоци за еден ден, најголемиот дел возеле побрзо од дозволеното!
Толеранција нема да има за никого, но тест периодот ќе покаже дали и каде треба да се корегира. Ова е одговорот на министерот за внатрешни Панче Тошковски на лавината реакции кои овие два дена стигнуваат од граѓани, кои биле предупредени од системот “Сејф сити“ дека направиле сообраќаен прекршок.
Најголем дел од реакциите се за поминување на жолто и мало пречекорување на брзината. Тошковски вели – земјава има највисока стапка на смртност во сообраќајки. Сејф сити е револуционерен проект и целта е да ги преполови, а за две ипол децениии и да ги нема смртните случаи како последица на непочитување на сообраќајните правила.
За 24 часа системот од камери регистрираше фантастични 110 илјади прекршоци само во Скопје, од кои 1000 нерегистрирани возила, 5000 поминувања на црвено, а над 90% од прекршоците се пречекорување на брзината. Системот Сејф сити го поздравуваат и ескпертите.
Сепак, професорот по информатика Орце Симов вели дека му треба оптимизација за да има одреден степен на толеранција како поминување на жолтго, за да не се успори сообраќајот. Компаниите кои имаат возила со повеќе возачи ќе мораат да водат евиденција кој возел, а бидејќи казните ќе стигнуваат за сопствениците на возилата, мора да се понуди решение и за прекршок поради кој се одзема возачка, а го сторил возач кој возел туѓ автомобил. Симов се надева дека системот нема да биде злоупотребуван, за да им се прогледува низ прсти на оние кои имаат врски.
Тошковски уверува дека ниту еден функционер нема да биде изземен, а веќе биле казнети неколку возачи на министри. На странец кој направил прекршок, а не ја платил казната, нема да му биде дозволен влез во земјава додека не го подмири долгот. Целта е системот наскоро да профункционира во цела Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
110 илјади прекршоци за еден ден, најголемиот…
Толеранција нема да има за никого, но…
Руте: Нема консензус за членство на Украина…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…
Путин: Русија не сака војна, но ако…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…
Жерновски за „скандалот со тендерите“: Владата одлучи…
Сите оние кои со нереална надеж очекуваа…
Неплатена казна – забранет влез во Македонија,…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска…