Се огласи и Костадинов: Одлуката на СДСМ за оставки ја оцени како „движење напред“
Екс градоначалникот на Општина Струмица и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, се огласи по денешната одлука на раководството на партијата, оценувајќи ја како „движење напред“.
Според него, дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласува дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.
„Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството на мојата СДСМ беа исклучително нетактични, денешниот чекор е движење напред. Ова е одлука што треба да се поздрави, затоа што отвора простор за вистинска промена“, напиша Костадинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се огласи и Костадинов: Одлуката на СДСМ…
Екс градоначалникот на Општина Струмица и поранешен…
Германија се соочува со „најдлабоката индустриска криза“
Претседателот на Здружението на германската индустрија, Петер…
Скопје вечерва е 19-ти најзагаден град во…
Скопје вечерва е рангиран како 19-ти најзагаден…
Трамп ја заострува борбата против дрогата: „Секој…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека…
Радев: Оставка на Владата на Бугарија е…
Вчерашниот протест во Софија и низ цела…