Објавено на:

Објавени досега невидени снимки од островот на Епштајн: расте притисокот врз Трамп и институциите

t

Демократите од Одборот за надзор на Претставничкиот дом објавија „никогаш претходно видени“ фотографии и снимки од приватниот карипски остров на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Во објавата на „Икс“ се наведува дека материјалите претставуваат „морничав поглед зад затворени врати“.

„Ги објавуваме за да обезбедиме јавна транспарентност и да помогнеме во составување целосна слика за неговите ужасни злосторства“, изјави демократот Роберт Гарсија, додавајќи дека „борбата за правда за преживеаните продолжува“.

Фотографиите покажуваат празни дворишта, спални соби и други простории од вилата, меѓу кои и бања со наредени перници.

Министерството за правда на САД има рок до средината на декември да ги објави сите документи што ги поседува за Епштајн. Гарсија порача дека „време е претседателот Трамп веднаш да ги објави сите документи“.

По апсeњето на Епштајн во 2019 година и неговата смрт во притвор, јавноста со години бара целосна објава на документацијата — листи, комуникации, искази и други материјали. Притисокот расте и од демократи и од републиканци, со тврдења дека документите може да откријат нови детали за мрежата и можни вмешани лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавени досега невидени снимки од островот на…

Демократите од Одборот за надзор на Претставничкиот…

Руте: Само Трамп може да го надмине…

Постои само еден човек во целиот свет…

Владеачките партии во Израел го бојкотираа гласањето…

Израелските владејачки партии отсуствуваа од денешното гласање…

Унгарија најавува правна постапка поради договорот на…

Унгарија соопшти дека ќе покрене правна постапка…

Стоиљковиќ: Македонските фирми да влезат на пазарот…

Македонските компании кои работата со нафтени деривати…