Продолжи судењето за „Пулс“ – Обвинетиот Георгиев бара да му се врати телефонот: адвокатот тврди дека делото е застарено

t

Со воведни зборови на одбраната во судницата во Идризово денеска продолжи судскиот процес за трагедијата во „Пулс“.

Денешните воведни зборови започнаа со одбраната на обвинетиот Огњан Георгиев.

Бранителот на обвинетиот наведе:

  • Најпрвин сакам да изразам сочувство за семејствата на загинатите, наша желба е да видиме правда. Судот треба за Огњан Георгиев најпрво да утврди дали настапила застареност на делото, основното кривично дело е „предизвикување на општа опасност“ со казна затвор од една до пет години. Во случајов треба да се утврди дали постои застареност на основното кривично дело и судот не може да се впушти во разгледување на квалификаторното дело. Застареноста настапила на 11.03.2025 година, со оглед дека на 11.03.2020 година бил последниот период кога обвинетиот можел да преземе службено дејствие.

Според обвинението, обвинетиот се терети дека требал да изврши инспекциски надзор по службена должност, да го контролира деталниот план. Првиот клучен факт е дека вакво кривично дело не може да се стори со евентуална умисла, судот неспорно ќе утврди дека вакво кривично дело може да се стори само како невнимание, или од небрежност, бидејќи обвинетиот не можел да биде свесен дека со негово непостапување може да настане кобниот прогон.

Вториот факт е дека за вршење на било каков надзор, вклучително и вонреден, на инспекторот треба да му издаде писмен налог од инспекцискиот совет, министерот, директорот или градоначалникот под кој се наоѓа инспекциската служба. Без писмен налог не е возможно да се изврши вонреден иснпекциски надзор и во тој случај објектот може да не дозволи влез на инспекторот. Обвинетите градежни инспектори не добиле никаков писмен налог, не добиле пријава или престатвка за дискотеката, а во текот на овие 13 години не постои ниту еден редовен контролен план за контрола на дискотеката. Ова ќе се утврди со сведоци од инспекциски совет и со материјални докази.

Третиот факт е дека обвинетиот Огњан немал никакви причини да постапува согласно чл. 131 од Закон за градење, од причина што во конкретниот простор немало пренамена од деловен во станбен простор, туку само од деловен во деловен, немало промена на конструктивните елементи. Во дискотеката никогаш не се одвивале градежни активности како реконструкција и обвинетиот немал причина да изврши контрола.

Судот ќе утврди дека декоративни биле сите реновирања и не постоел начин обвинетиот да дознае за тоа без да биде известен. За ова има и изработен вешт наод и сведоци од областа на урбанизмот и градежништвото.

Во сите овие години имало контроли над инспекторите и ниту еднаш не е утврден пропуст во нивната работа.

Четврто, обвинетиот не е службено и одговорно лице кое е одговорно за безбедноста на луѓето во дискотеката, наведе бранителот.

Обвинетиот се согласува со кажаното од бранителот и додаде: Би сакал да додадам уште некои работи, да објаснам и дообјаснам. Имам едно барање до ЈО, барам да ми се врати мојот мобилен телефон, затоа што јас друг телефон немам, а го плаќам цело време во Телеком и во мојот мобилен гарантирам и докажано е дека нема никакви доказни материјали бидејќи не сум имал никакви контакти со никого од обвинетите.

На обвинителна клупа седнаа 37 обвинети – 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопственици, управители, инспектори, поранешни градоначалници, обезбедување и државни службеници. Тие се товарат за тешки дела против општата сигурност поради пропусти што директно довеле до трагедијата.

Паралелно со главниот процес, тече и посебна постапка против полициски службеници за давање лажни уверувања и дозволување на работа на дискотеката без исполнети минимално-технички и безбедносни услови. Изминатата недела Обвинителството отвори постапка и против група вработени во УЈП осомничени за мито и злоупотреби поврзани со истиот случај.

Процесот го води судечки совет чиј претседател е судијката Диана Груевска Илиевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжи судењето за „Пулс“ – Обвинетиот Георгиев…

Со воведни зборови на одбраната во судницата…

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“…

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето…

„Дејан, биди искрен и кажи“ – Ердовска…

„Нека биде искрен Дејан и нека каже…

Одбраната на Тодор Јованов тврди дека немал…

Најпрво и јас сакам да изразам најдлабоко…

Одбраната на Милка Ердовска тврди дека таа…

Почитуван суде, изразувам длабоко и искрено сочувство…